Почнува проектот „Европска младинска картичка“ со низа поволности за младите, и кој ги доближува младите до европските услови и вредности. Во тек е процесот за аплицирање за проектот. Ги повикуваме сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка, изјави Јон Фрчкоски, потпретседател на младите на СДСМ.
– Со оваа картичка имате поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување. Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги. Истовремено, траат преговори со уште стотици други правни субјекти на територијата на целата држава – рече Фрчкоски.
„Европската младинска картичка“ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој.
– Младите се наш приоритет, тоа го покажавме преку создавање на кавлитетни младинскиполитики. Со гаранцијата за млади обезбедуваме шанса за секој млад човек да се стекне со пракса, вработување или доусовршување.нАктивните младински политики досега придонесоа за нешто помалку од две години, стпаката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсо – вели тој.