Фронтекс: Ќе биде тешко да се запре масовниот прилив на луѓе

155

Фронтекс очекува на границата меѓу Турција и Грција да дојде до влошување на ситуацијата заради „масовниот прилив на мигранти“, се наведува во интерниот извештај на Европската агенција за заштита на границите во кој увид имал германскиот весник „Билд“.

– Ќе биде тешко да се запре масовниот прилив на луѓе кои тргнале на пат, пишува во извештајот на Фронтекс.

Се очекува интензивен притисок врз надворешните граници на Европската унија, па дури и доколкуј турските власти повторно го запрат движењето на мигрантите.

Извештајот е напишан во текот на викендот бидејќи Турција минатата недела престана да ги спречува бегалците да тргнуваат по копно или по вода на пат за Грција.

Приливот на мигранти, исто така, е следен и од брзо ширење на информациите на социјалните мрежи, пренесува Катимерини.

Грција вчера побара дополнителна помош од Фронтекс по што Европската агенција упати засилување на грчко-турската граница.

Фото: MIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...