Фрлил бекатон плочка врз такси-возило, таксистот го прегазил

4307

Утрово околу 03:40 часот било пријавено дека на ул. „Анастас Митрев“ во главниот град, поради недоразбирање во сообраќајот, на 37-годишниот таксист Ф.Д. од Скопје му било попречено движењето од патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот М.Н. кој бил заедно со 34-годишниот А.Д. двајцата од Скопје.

Потоа, според пријавеното, М.Н и А.Д. излегле од возилото и почнале со бекатон коцки да удираат по такси возилото. Притоа, Ф.Д. со возилото го удрил М.Н., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од МВР соопштуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Фото: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...