Фримзим Даути нов директор на НУБ „Св. Климент Охридски“

543

Фримзим Даути е назначен за директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Како што соопшти НУБ, Даути е именуван со решение на министерот за култура Асаф Адеми од 8 ноември 2018 година.

Тој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор на Библиотеката Сенка Наумовска, која на таа позиција беше назначена со решение на претходниот министер во август 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...