Француски анестезиолог обвинет за смрт на девет лица

92

Анестезиолог од францускиот град Безансон е осомничен за труење на пациенти за време на операција со цел да предизвика застој на срцето, по што ги враќал од работ на смртта, а обвинителството тврди дека во девет наврати не успеал во својот план и дека луѓето починале.

Истражителите пронашле докази, кои го поврзуваат 47-годишниот лекар Фредерик Печиер со 24 од 66 инциденти, кои се случиле за време на хируршки зафати на клиниката во кој работел, изјави вчера обвинителот од Безансон, Итиен Монтух.

– Печиер се појавува како заеднички именител за овие несреќни и сериозни случувања, кои, се чини, дека се поврзани со акутен конфликт со другите анестезиолози и хирурзи во клиниката во Сејнт Винсент, изјави Монтух.

Тој додаде дека лекарот е осомничен за вбризгување на смртоносна доза калиум хлорид или анестетик за бенигна операција.

Печиер негираше каква било злоупотреба, но обвинителството побара негово притворање до судењето на кое би можел да се соочи со доживотен затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...