Алан Роберт, слободен алпинист познат како „Францускиот Спајдермен“ почна да се искачува на зградата „Тур тотал“ (Tour Total), облакодер од 48 катови во париската деловна област, за да изрази поддршка на работниците кои штрајкуваат поради пензиските реформи.
Педесет и седумгодишникот Роберт се има искачено на повеќе од 100 објекти вклучувајќи го и Голден гејт мостот во Сан Франциско и највисоката светска градба Бурџ Калифа во Дубаи.
Роберт често ги искачува зградите без дозвола и повеќепати бил уапсен од полицијата.
Тој се искачува без опрема, се служи со голи раце, има облека за искачување и вреќа со креда во прав за бришење на потта.
Повеќе од еден месец во Франција се одржуваат штрајкови поради промена на пензиските реформи.