Министерот за култура Франк Ристер изрази жалење поради доделувањето на Цезар за најдобар режисер на Роман Полански, заради полемиките поврзани со неговите обвиненија за сексуални напади од повеќе жени, јави дописникот на МИА.
Пред церемонијата, бојкотирани од режисерот и неговата филмска екипа, полицијата ги одврати демонстрантите кои дојдоа да протестираат во близина на Салата Плејел, каде се одржуваше свеченоста, носејќи натписи со кои се осудуваше „Цезарот на срамот“ или извикувајќи го слоганот „Силувач те гледаме, жртво, ние ти веруваме “.
Филмот J’accuse (Обвинува) на француско-полскиот режисер се здоби со три статуетки, вклучувајќи ја и онаа за најдобра продукција, Цезарот за најдобар филм отиде во рацете на Лаџ Ли за филмот Клетници
– Со оваа награда Цезар, мачно е што ние не само што го славиме делото, туку го славиме и човекот – реагираше министерот за култура Франк Ристер
– Во случајот со Роман Полански , тоа е многу тешко, многу комплицирано, бидејќи постои сомнеж. Многу жени рекоа дека биле нападнати од него. Да се слави човекот е сигнал што се испраќа негативно во време кога во нашата земја експлодира оловниот покривач за сексуалните и родови напади – додаде тој.
Министерот за култура, исто така, вети дека „ќе ја поддржи професијата на филмот, така што ќе се изврши трансформација во управувањето со академијата за Цезар и, исто така, трансформација на изборното тело за поголем паритет и разновидност“.