Франција се подготвува за рекордни температури – до петок и над 40 степени

Властите во Париз го активираа „третото ниво” на планот за екстремни температури. Максималното ниво е – четврто – кое никогаш досега не било искористено.

230

Франција се подготвува за бран високи температури што се очекува да надминат и 40 степени неделава и тоа би бил рекорд за јуни, јавија француски медиуми.
Поради предвидената висока влажност, субјективното чувство за температурите во Париз ќе биде 47 степени, јави Би-Би-Си.

Властите во Париз го активираа „третото ниво” на планот за екстремни температури. Максималното ниво е – четврто – кое никогаш досега не било искористено.
Веќе и денеска температурата би можела да достигне 35 степени, додека температурен максимум се очекува в четврток и в петок.

Поради екстремните горештини, ќе се постават привремени фонтани, резервоари за вода и јавни базени. Температурни рекорди можни се до крајот на јуни во Германија, Швајцарија и Белгија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...