Франција прв четвртфиналист, Аргентина се збогува со Мундијалот ВИДЕО

Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал.

360

Репрезентацијата на Франција се пласира помеѓу осумте најдобри на Светското фудбалско првенство во Русија, откако попладнево ја победи Аргентина со 4:3.

Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал. Покрај него за Французите погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.

Головите за Аргентина ги дадоа Анхел ди Мариа, Меркадо и Серхио Агуеро.

Во 1/4 финалето Франција ќе игра в петок (6 јули), во Нижни Новгород со победникот од средбата Уругвај – Португалија закажана за вечерва во 20 часот.

Инаку, 19-годишниот Килија Мбапе стана шестиот играч на возраст до 20 години кој погодил во плеј-офот на фудбалски Мундијал. Денеска Французинот има точно 19 години и 192 дена.

На помлада возраст од него погодиле само Пеле, Мајкл Овен и Џулијан Грин.

Покрај тоа, Мбапе е трет стрелец кој постигнал повеќе од еден гол.

Пред него такво достигнување има Бразилецот Пеле на 17-годишна возраст и Германецот Едмунд Конен на 19-годишна возраст.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...