Франција очекува ревизија на Уставот оти Договорот е добар и за Европа

1011

Франција очекува по дискусиите во Парламентот да дојде до ревизија на Уставот, бидејќи како што потсети францускиот претседател Емануел Макрон, Договрот од Преспа е добар за земјата, за регионот и за Европа, порачува портпаролката на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил.

„Франција со задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство, за отпочнување на делот за разгледување на уставните амандмани, наменети за спроведување на Преспанскиот договор, склучен на 17 јуни помеѓу Атина и Скопје. Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе доведат до ревизија на Уставот. Како што потсети Претседателот Макрон, Преспанскиот договор е добар за земјата, за регионот и за Европа“, наведува во писмената изјава  Ањес фон дер Мил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...