Франција оди во полуфинале

Рафаел Варан во 40. и Антоан Гризман во 61. минута беа стрелците на двата гола за Франција. 

232

Репрезентацијата на Франција ја победи екипата на Уругвај со 2:0 во мечот што се одигра попладневно во рамки на четвртфиналето од Светското првенство во фудбал што се одржува во Русија.

Рафаел Варан во 40. и Антоан Гризман во 61. минута беа стрелците на двата гола за Франција.

Мечот се играше во Нижни Новгород, а главен судија беше Нестор Питана од Аргентина.

Вечерва од 21 часот се игра вториот натпревар од четвртфиналето меѓу Бразил и Белгија, а утре на распоред се четвртфиналните натпревари меѓу Шведска и Англија и Русија и Хрватска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...