Франција не сака да дава ниту розова, ниту сива слика околу можноста во јуни да ги отпочнете преговорите со Европската унија, изјави министерката за европски прашања, Натали Лоазо.
Преспанскиот договор е добра вест за Европската Унија, но како што вели Лоазо, Брисел очекува Северна Македонија да ги исполни реформите зададени на Европскиот Совет лани.
-Треба да се исполнат четири критериуми, кои во најголем дел се однесуваат на правната држава, реформи во судството, администрацијата, безбедносните сили. Брисел и Франција будно ги следат реформите на вашата земја – изјави Натали Лоазо, министер за европски прашања на Франција.