И Франција ја заврши ратификацијата на протколот за пристапување на С.Македонија во НАТО, објави вицепремиерката и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Со ова ратификацијата на завршија 28 земји-членки и останува уште Шпанија.
„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.
Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера не сакаше да прогнозира кога ќе се случи тоа.
– Мислам дека е неблагодарно сега да прогнозираме кога ќе формираат влада иако тие имаат автентичен изворен интерес тоа да го направат побрзо. Битно е дека сме тука, учествуваме во работата веќе како да сме членка – порача Димитров вчера од Брисел каде учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата, што претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ