Францускиот претседател Емануел Макрон потпиша нов воен буџет пред денешната воена парада која во Париз се одржува по повод националниот празник Данот на падот на Бастилја.
Новиот буџет за армијата предвидува зголемување на расходите за одбрана на два отсто од БДП, како што му беше ветено на НАТО. Овој потег е долго планиран, нп следува после самитот на НАТО во Брисел на кој претседателот на САД Доналд Трамп ги критикуваше сојузниците дека не издвојуваат доволно пари.
На свеченоста учествуваа борбени авиони кои изведуваа акробации над Париз, а војниците маршираат до Елисејската палата.
Во цела Франција денеска се распоредени 110.000 припадници на безбедносните сили задолжени за сигурност за време на прославата на Денот на Бастилја, откако пред две години во Ница беа убиени 86 луѓе.
За време на парадата, која траеше повеќе од два часа, се случија и две непријатности, кога се судрија два полициски мотоцикли при демонстрирање на способностите на француските сили. Втората непријатност се случи кога авион на акробатската единица на патролата на воздухопловните сили испушти погрешна боја во состав на француското знаме над Париз.
Стоејќи во воено возило во придружба на мотори, Макрон ја предводеше својата втора парада по повод 14-ти јули, националниот празник на Франција, додека стотици гледачи го поздравуваа.
На парадата минатата година присуствуваше претседателот на САД, Доналд Трамп. Оваа година Макрон ги покани лидерите на Јапонија и Сингапур, две азиски земји, кои се долгогодишни партнери на Франција.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе, го откажа доаѓањето поради катастрофалните поплави во неговата држава, а Јапонија беше претставена од министерот за надворешни работи Таро Коно.
На парадата учествуваа околу 4.200 војници, 220 возила и околу 100 авиони