Фракција на ВМРО – ДПМНЕ: Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на квази вмровците

2879

Последиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претварање на УБК во привата сопственост и сѐ друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи „со свој камен по своја глава”. Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на алчните квази вмровци, на кои најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови, реагира Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Жалиме за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квази патриотите монструми. И покрај фактот дека се работи за „нелуѓе” заради доброто на државата, Фракцијата бара и очекува сите директни и индиректни учесници и соучесници во овој случај, да имаат фер судење и казните да бидат сразмено на стореното зло. Обидот под плаштот помирување да се даде амнестија на дел од учесниците во случувањата од 27 април во замена за гласање за уставните измени и промена на името, Фракцијата ќе го смета за ново злосторство и во иднина ќе поведе постапка за гонење на сите кои ќе учествуваат во истото – велат од Фракцијата.

Од таму додаваат дека по предавството и куквичкото бегство на почесниот претседател на партијата  станува повеќе од јасно и неминовно во најкраток можен рок членството на партијата дефинитивно и целосно да расчисти со грујовизмот и со грујовистите во своите редови. Секое понатамошно молчење и калкулирање само ќе ја докусурат и згаснат партијата. Тогаш нема да ни биде крив СДСМ, туку ние самите, поточно оние кои сега управуваат со партијата.

– Господине Мицковски не е грев да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб. Не е грев желбата и напорите ВМРО – ДПМНЕ од дувло на криминалци, одродници и профитери (какво што беше  последниве десетина години) повторно да стане сѐнародна партија која сега во овој критичен момент повторно ќе ги обедини граѓаните. Во овие тешки и последни моменти за опстојување на државата и партијата и на се она што е македонско, потребно е храброст и одлучност. Само кристално прочистено и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година – велат од Фракцијата.

Според Фракционерите, сега е време за сплотување на силите и враќање на домашниот и меѓународен кредибилитет и достоинство на партијата и членството. Секое тактизирање и понатамошно калкулирање на дневно политичка основа и немање воља за расчистување со квази патиотизмот и ситнодушните користољуби квази вмровци кои одработуваат за СДСМ ќе значи дополнителна агонија и неминовен распад на партијата.

– Секој обид за игнорирање на овие принципиелни и искрени ставови ќе биде останување во „чизмите” на поранешниот претседател на партијата и останување во прегратките на прикриените злосторници во сопствените редови. Крајно време е да се надминат сите лични суети и недоразбирања и на иста страна да застанат сите оние политички субјекти, асоцијации, здруженија на граѓани и индивидуи кои не се согласија со Преспанскиот договор и не го дадоа својот глас на референдумот. Ова се последни часови за спас на Македонија и ВМРО ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...