Со барањето за амнестија за 27 април, грујовистичкиот лидер Мицковски се обидува да се додовори на членството на ВМРО ДПМНЕ како и да го симне од себе и од партијата товарот кој свесно им го натоварија на осудените, обвинетите и осомничените за случувањата од 27 април, неводејќи сметка за шетните последици по државата, сметаат фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Притоа тој повторно во стилот на неговиот ментор Груевски со своето голо популистичко барање за амнестија сосема свесно одработува и за амнестија на други осудени лица. Мицковски е потполно свесен дека удоволувањето на ова негово барање ќе предизвика и барање за амнестија на терористите од Диво насеље во пакет. А тоа не смее да се случи.
Впрочем и ништо не нè зачудува кога нешто излегува од партиската кујна на ова постава на ДПМНЕ, бидејќи сите од сегашнава раководна партиска структура беа прислужници и слепи извршители на политичките на Груевски посебно во делот кога ја потпомагаа и поддржуваа амнестија на сторителите на монтруозни кривични дела од 2001 година.
Затоа како Демократска фракција на ВМРО ДПМНЕ му порачуваме на неконзистентниот и наметнат лидер Мицковски, наместо со вакви нереални барања и ветувања својата енергија да ја насочи во помагање на осудените од 27 април на друг начин. За почеток најдобро е да одвојат дел од огромните финанискиски средства со кои располага партијата и партиските функционери и финансиски да ги помогнат семејствата на осудените и останатите осомничени и обвинети од 27 април доколку сметаат дека се невини. Второ, на сите оние кои се обвинети, осомничени или осудени да им понуди најквалитетна бесплатна правна помош и одбрана со цел да се искористат сите (нови и стари) факти како и редовни и вонредни правни лекови кои им стојат на располагање пред надлежните органи за да ја докажат својата невиност или пак политичка монтировка.
Се друго е само обид за залажување на јавноста и собирање на евтини полтички поени. Свесното и нечесно играње на картата на ваков популизам значи не водење сметка за штетните последици по државата кое може да го направи ова нереално ветување и барање, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ – Демократска фракција.