Фоњини стигна до финалето во Монте Карло

Наградниот фонд на АТП „Ролекс Монте Карло Мастерсот“ изнесува 5,2 милиони евра.

221

Италијанецот Фабио Фоњини попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2-0 (6:4 и 6:2) во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло (Монако).

Во меч што траеше еден час и 37 минути, 13-от носител изненадувачки беше подобар од вториот носител.

Противник на италијанскиот тенисер во мечот за трофејот ќе биде Србинот Душан Лајовиќ. Кој во првото полуфинале го совлада Даниел Медведев (Русија) со 7:5 и 6:1.

Наградниот фонд на АТП „Ролекс Монте Карло Мастерсот“ изнесува 5,2 милиони евра.

Финалето е закажано за утре со почеток во 11 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...