Кралицата со една фотографија предизвика загриженост за здравјето зошто на неа се гледа дека има голема модринка на раката.
92-годишната владетелка беше насмеана кога ѝ се придружи на принцезата Ана кога вчера ги посети јорданскиот крал Абдула, кралицата Ранија и престолонаследникот Хусеин.
Но, корисниците на Твитер забележаа дека левата рака на кралицата е со модринки или пак, на некој друг начин е повредена, додека позирала за службените фотографии во Лондон.
„Дамата има 92 години. Во тие години, секој мал удар може да предизвика големи модринки. Кралицата прилично добро изгледа?“, пишува во еден од коментарите.
Еден месец претходно, кралицата Елизабета имала хируршки зафат на очите за да ја отстрани катарактата и носела очила за сонце во јавност за да не мора да ги откаже долго планираните работни ангажмани.
Јорданската кралска двојка ја почна својата посета на Велика Британија на конференцијата за раст и можностите во Јордан, чиј домаќин беше секретарот за меѓународен развој Пени Мордонт.
Фото: Инстаграм