Изабела Переира е родена со царски рез на 13 февруари во породилиштето во Рио де Женеиро.
Моментот кога бебето прогледало и кога лекарите се обиделе да не се расплачат од смеа – го доловува фотографот Родриго Кунстман.
Лутиот израз на лицето на штотуку родената Изабела веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Лекарите често го поттикнуваат бебето да плаче после раѓањето, за да видат дали е сè во ред со белите дробови.
Сепак, кога докторката ја потчукнала Изабела за да заплаче, неа тоа воопшто не ѝ се допаднало, па направила легендарен израз на лицето.