Стигна потврда дека фотографијата со Груевски е автентична

Ексклузивно Канал 5 дознава дека таа е направена меѓу улиците Кирали и Анкер Коз. 

2111

Познатиот унгарски новинар Даниеле Ноланд  на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се гледа како поранешниот македонски премиер Никола Груевски се шета во центарот на Будимпешта.

Ексклузивно Канал 5 дознава дека таа е автентична и е направена меѓу улиците Кирали и Анкер Коз.

Канал 5 го контактираше Ноланд кој не сакаше да открие кој ја направи фотографијата, но потврди дека другото лице е Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.

Во прилог на тоа оди и профилната фотографија која Трајковски ја има на неговио Фејсбук, каде што тој е облечен во зимска јакна која е практично идентична со таа што ја носи на фотографијата со експремиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...