Фотографијата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп е нов хит на социјалните мрежи.
Шефот на српската дипломатија учествува во Њујорк на 74- заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации каде се разговара на највисоко ниво на тема „Глобален повик за заштита на верската слобода“ во организација на САД.
Со собирот претседава американскиот претседател Доналд Трамп, токму на овој собир Дачиќ се сретнал со Иванка Трамп.