Форумот на жени на ДОМ: Стоилковски ја навреди министерката за финансии, но и сите жени

649

Форумот на жени на ДОМ најостро го осудува сексизмот, потценувањето и дискриминацијата на жените врз основ на род, во фејсбук статусот на опозицискиот портпарол на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ваквиот говор на омраза е недозволив за било кој граѓанин, а особено за портпарол чија функција е да ги презентира ставовите на партијата. Конотацијата на текстот е навредлива не само лично за Министерката за финансии, туку за жените генерално. Ваквите сексистички содржини ги обесхрабруваат жените во нашето доминантно патријархално и конзервативно општество активно да се вклучат во политичкиот, економскиот и јавниот живот. На тој начин се оневозможува развојот на општеството во целост. 

Овие ретроградни стереотипни ставови за улогата на жените во општеството се потврда за потребата од унапредување на правата на жените како човекови права. За Форумот на жени на ДОМ тие се дополнителен мотив за уште поинтензивно делување со цел реализирање на политиките за економско јакнење и зголемено учество на жените во политиката“, се вели во реакцијата на ДОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...