Формирани три четвртфинални двојки на Европското првенство во одбојка

240

Познати се три четврфинални пара на евро-шампионатот во одбојка во машка конкуренција. Досега влез помеѓу најдобрите осум обезбедија: Германија, Русија, Србија, Франција, Полска, Украина и Словенија.

Првите три четвртфинални пара се:
Русија – Словенија
Полска – Германија
Србија –Украина.

Ова е епилогот по натпреварите одиграни во текот на влерашниот ден на кои беа постигнати следниве резултати:
Холандија – Германија 1:3
Русија – Грција 3:0
Србија – Чешка 3:0
Франција – Финска 3:0
Словенија – Бугарија 3:1
Белгија – Украина 2:3
Полска – Шпанија 3:0

Осминафиналето ќе биде комплетирано денес со мечот Италија – Турција. Победникот од овој дуел во четвртфиналето оди на Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...