Фон дер Лејен ќе живее во Европската Комисија и нема да изнајмува стан

392
Photo: EPA / HAYOUNG JEON

Новоименуваната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, ќе живее во 25 квадратни метри во зградата на Комисијата, потврдија нејзините портпароли.

Информацијата кружеше веќе неколку недели низ европските институции, но сега е и официјално потврдена од тимот на новоименуваната шефица на Европската Комисија – таа нема да изнајмува стан за време на нејзиниот мандат и ќе живее на тринаесеттиот кат од зградата, во 25 квадратни метри, до нејзината канцеларија.

– Со оглед на тоа дека се зголемени мерките за безбедност во ЕУ институциите, ова значи дека нема да бидат потребни дополнителни мерки во одвоена резиденција, а и ќе заштеди на секојдневното возење во гужвите низ градот – велат од нејзините портпаролски служби за медиумите.

Фон дер Лејен планира секој викенд да се враќа во Хановер каде живее нејзиниот сопруг со седумте деца.

Photo: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...