Пред неформалната вечер со лидерите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија.
– Знаете дека Западен Балкан е приоритет за ЕК и мислам дека е во заеднички геостратешки интерес да се приближи регионот кон ЕУ – посочи фон дер Лајен.
Таа додаде дека нова методологија треба да ја обнови довербата помеѓу сите страни и да ги забрза структурните реформи.
– Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ. Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло – посочи фон дер Лајен.
Таа наведе дека и утре во Брисел се организира донаторска конференција за обнова на Албанија по минатогодишниот разорен земјотрес.
Неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.