Фон дер Лајен: Нашите врати остануваат отворени за Северна Македонија и за Албанија

Покрај Западен Балкан, првата заложба на Комисијата, според зборовите на претседателката на Комисијата  ќе биде  „Зелениот договор“ (Green Deal), кој наспроти загриженоста за климатските промени, треба да биде презентиран на 11 декември во пресрет на европскиот самит.

147
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Новизбраната претседателка на Европската комисија, говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, истакна дека целосно го поддржува предлогот за отворање преговори со Македонија и Албанија.

– Процесот на пристапување нуди единствена можност за промовирање и споделување на нашите основни вредности и интереси – потенцираше таа.

Фон дер Лајен, при претставувањето на програмата и составот  на новата Европска комисија, рече дека вратите на ЕУ за Западен Балкан остануваат отворени.

– Треба да им покажеме на нашите пријатели на Западен Балкан дека споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и ја делиме истата судбина. Нашите врати остануваат отворени – рече Фон дер Лајен, повторувајќи го она што го кажа во јули исто така пред ЕП, кога ја претстави својата програма.

Таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан  и продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион.

Урсула фон дер Лајзен вели дека е задоволна што нејзиниот тим има искусни дипломати како Жозеп Борел и Оливер Вархелји, кои ќе ги промовираат и штитат интересите на ЕУ и ќе ги поддржуваат партнерите во ЕУ.

-Ние ќе ги зајакнеме нашите партнери преку соработка, бидејќи силните партнери прават силна ЕУ – рече фон дер Лаејн.

Покрај Западен Балкан, првата заложба на Комисијата, според зборовите на претседателката на Комисијата  ќе биде  „Зелениот договор“ (Green Deal), кој наспроти загриженоста за климатските промени, треба да биде презентиран на 11 декември во пресрет на европскиот самит.

Фон дер Лаејн се фокусираше на заштитата на климата, улогата на ЕУ во надворешните работи, трговијата и економијата на ЕУ, дигитализацијата и иновациите.

Таа истакна дека ЕУ ќе ја добие геополитичката комисија што „и е итно потребна “.

– На земјите од Исток, Запад, Југ и Север им е потребен вистински партнер во ЕУ – рече Фон дер Лаејн. Таа притоа рече дека ЕУ не е само политиката, законите и пазарите се веќе во првите редови на луѓето и нивните аспирации за слобода, вредности и подобра иднина.

-Во текот на следните пет години, ние ќе работиме на трансформација на секој дел од нашето општество и економија – рече претседателката на Комисијата.

Германката, која е прва жена претседателка ЕК,  им порача на европратениците дека тие заедно собрале одличен тим на ЕУ и бараат од парламентот поддршка за „нов почеток на Европа“.

– Ние сме подготвени, што е уште поважно, Европа е подготвена. Да почнеме да работиме –  заклучи Фон дер Лајн.

Европскиот парламент,ќе гласа за целиот состав на комисијата со просто мнозинство на гласовите од присутните европратеници кои ќе земат учество во гласањето

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...