Фонд за здравство: Одобривме лекување во Истанбул за девојчето од охридско

361

Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку ова соопштение сака да ја информира јавноста во врска со поднесеното барање за упатување на болничко лекување во странство на осигуреникот К.Б. за неговото дете К.Е и при тоа изразува најдлабоко сочуство до семејството за изгубениот млад живот, соопшти Фондот.

– Осигуреното лице К.Б. за неговото дете К.Е. до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, поднесе барање за упатување на лекување во странство УП1 бр. 10-170 од 25.06.2018 година во прилог на кое достави Предлог за упатување на лекување во странство на стручниот конзилиум на Клиниката за детски болести во Скопје бр. 0403-5/603 од 21.06.2018 година и Мислење за упатување на лекување во странство за виталнозагроузвачки случај на стручниот конзилиум на Клиниката за детски болести во Скопје бр. 0403-6/603 од 21.06.2018 година.

Поднесеното барање беше разгледано во два наврати од страна на Лекарските комисии за упатување на лекување во странство при Фондот и по прибавување на потребната документација неопходна за донесување на решение на седница одржана на ден 27.06.2018 година Лекарските комисии дале конечна оценка и мислење врз основа на кои Фондот донесе решение УП 1 бр.10-170 од 28.06.2018 година со кое на осигуреникот К.Б. за неговото дете К.Е. му одобри упатување на болничко лекување во странство во Универзитетската клиничка болница Gaziosman Pasa во Истанбул, Турција во траење од 150 дена за спроведување на хемотерапија и алогена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во вкупен износ од 145.000,00 евра, со придружник при заминување и при враќање од лекувањето. Со ова Решение е одобрено патување со санитетски авион при заминување на лекувањето за кое трошоците ќе беа предмет на посебна постапка, а при враќање патување со авион. Пред донесување на решението осигуреното лице го уплати законски предвиденото лично учество во трошоците во висина од 20% од трошоците за болничкото лекување во странство но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност во износ од 12.300,00 денари.

Осигуреникот поднесе жалба до второстепениот орган односно до Управниот одбор на Фондот УП 2 бр.02-37 од 06.07.2018 година. Управниот одбор преку Второстепената лекарска комисија ја разгледа жалбата на осигуреникот и документацијата доставена во прилог на истата по што второстепениот орган ја потврди одлуката на првостепениот орган и донесе решение заведено под бр. УП 2 02-37 од 12.07.2018 година.

Согласно горенаведеното, Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањето на осигуреното лице и му одобри упатување на болничко лекување во странство според постојните законски и подзаконски акти, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...