Фолксваген ја призна вината, мора да плати казна од милијарда евра

1299

Грмански обвинители му одредиле казна на Фолксваген од 1.18 милијарди евра поради измама на тестовите за емисија на штетни гасови, јавуваат медиумите.

Фирмата Фолксваген изјавила дека ја прифаќа казната и ја признала одговорноста за сканадлот, пренесува хрватски Индекс.

– По темелната истрага, Фолксваген ја прифати паричната казна и нема да поднесе тужба против неа. Со тоа фирмата признала одговорност за сканадалот со дизелашите – објави Фолксваген.

Обвинителството заклучило дека компанијата не спровела правилен надзор над оделот за развој на мотори, што резултирало со продажба на повеќе од 10.7 милиони дизелаши со илегалнен софтвер за контрола на емисијата на гасови ширум светот.

Скандалот е откриен во 2015 година и Фолксваген поради тоа веќе мора да плати милијарди поради казните кои му ги одредиле американските власти. Компанијата изјавила дека се надева оти ќе ги плаќа казните во Германија и дека тоа ќе има влијание на другите службени постапки кои се водат против неа во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...