Фока од видот „калуѓерка“ и ајкула „морска лисица“ се двата ретки „посетители“ на Валонскиот Залив.
Фоката е забележана во близина на морскиот брег кај Валона. Последен пат овој специјален вид на фока, која е во опаснот од исчезнување е забележана на албанскиот брег во 2012 година во близина на Заливот на мечката.
Ајкулата „морска лисица“ е уловена во мрежите на рибарите од Валона. Ајкулата е долга 3,2 метри и тешка 120 килограм. Експертите ја сметат за редок вид, но е безопасна, бидејќи не напаѓа. Се вика „морска лисица“ поради должината на опашката.
Фоката „калуѓерка“ и ајкулата „морска лисица“ најчесто се наоѓаат на тропското крајбрежје.
Нивната појава во Албанија се поврзува со климатските промени и високите теператури присутни деновиве, невообичаени за овој период од годината.
ФОТО: МИА