Флекенштајн: Тешко дека Унгарија ќе му одобри азил на Груевски

1599

Европратеникот Кнут Флекенштајн порача дека е тешко замисливо унгарските власти да му доделат азил на поранешниот премиер во бегство.

-Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја- напиша европратеникот.

Синоќа Европската Комисија побара почитување на владеењето на правото во земјите членки како и во земјите кандидати на ЕУ и порача дека судскиот процес не смее да се политизира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...