Фудбалскиот клуб за глуви Слобода од Скопје победи на турнирот во Косово одржан минатиот викенд. Ова не е прв успех на Слобода на меѓународната сцена.
Во 2014 година екипата го освои второ место во Марибор, Словенија. Истата година победи на турнир во Скопје, а беше трета во Истанбул. Следната , 2015 година во Ниш, Србија се најде на втората позиција.
Фудбалерите на Слобода и покрај хендикепот, преку спортот докажуваат дека бариери не смеат да постојат, дека инклузијата преку истиот е клучна и дека познанствата со пријателите вон Македонија е еден начин на збогатување на нивниот видик и споредба на системите во кои живеат.