ФК Вардар врти нова страница, им откажа „љубов“ на капитенот и други играчи

- Понекогаш доаѓа време кога треба да се сврти нова страница, доаѓа време на промени, а таков „бран“ го зафати и Вардар - соопшти Вардар.

429

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одлучи во новата сезона да го освежи тимот со нови играчи и поради тоа не ја продолжи соработката со неколкумина кои досега беа стандардни првотимци. Меѓу нив е и капитенот Бобан Грнчаров.

– Понекогаш доаѓа време кога треба да се сврти нова страница, доаѓа време на промени, а таков „бран“ го зафати и Вардар. Дојде времето на некои други да го покажат својот потенцијал и квалитет во нашиот тим, кои ќе донесат нови ветришта, ќе го поведат „црвено-црниот“ клуб кон нови успеси, кон нови победи, титули, меѓународни успеси… Затоа во овој момент им се заблагодаруваме на сите оние кои што беа дел од Вардар во изминатата сезона, а кои во иднина нема да бидат во нашиот клуб, барем не како играчи, соопшти Вардар.

Им кажуваме едно големо БЛАГОДАРАМ поединечно на: нашиот капитен Бобан Грнчаров, потоа на заменикот Никола Глигоров, на третиот капитен Дејан Блажевски, на Ховханес Хамбарџумјан, благодариме на Дарко Глишиќ и на Ацо Стојков за сето она што го сторија за нашиот тим во изминатите неколку години. На сите шестмина им истекоа договорите со Вардар, и тие се слободни фудбалери, стои на веб страницата на „црвено-црните“.

ГРНЕ, НИКОЛА, ШИЛЕ, ХОФ, ГЛИШ И АЦЕ… Од срце Ви се заблагодаруваме за прекрасните мигови минати во нашиот тим. Можеби после Вас во Вардар нема ништо повеќе да биде исто, но амбициите и целите на клубот остануваат исти. Продолжуваме по патот на кој Вие чекоревте, а тоа беше оној шампионскиот, се истакнува во емоционалното збогување на Вардар со досегашните негови играчи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...