Па денешното рочиште на ТНТ, бизнисменот Фијат Цановски, пред Кривичниот суд, изјави дека се сомнева дека поротничката самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата.
– Се сомневам дека самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата, која што владее во Македонија или од некои закани. Како што видовте, судењето ќе почне од почеток, но јас сепак верувам во правосудниот систем и верувам дека овој процес многу брзо ќе се заврши – изјави Цановски.
Одбраната, посочи Цановски, настојува да ги пролонгира судењата со очекување дека ќе победат на изборите и повторно ќе завладее „сваровски судството“, па така ќе се спасат од криминалите кои ги направиле.