ФИФА го подели колачот од 209 милиони евра на 416 клуба за СП 2018

117

ФИФА денеска ја објави распределбата на средства  од програмата на светската фудбалска централа за компензација на клубовите за  нивните фудбалери, кои учествуваа на Мундијалот 2018.

Вкупно 209 милиони долари се распределени меѓу 416 клуба од 63 земји.

Нема посебно изненадување за десетте клубови кои имаа најмногу играчи на теренот во Русија и затоа имаат најголеми надоместоци. Тоа се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Барселона, ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Јувентус и Монако.
Трите клубови со најголем број ослободени играчи се Челзи (19), Манчестер Сити (19) и Реал Мадрид (18).
За односот на распределбата на износите по федерации најмногу доби Англија (37.406.940), следи Шпанија (22.572.080) и Германија (18.920.672).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...