Фитосанитарната лабораторија работи и денеска

Мострите може да се доставуваат од 08.30 часот до 13 часот.

145

Поради зголемениот извоз на коскесто овошје во ЕУ и во Руската Федерација, Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) ќе работи и денеска, но само за анализи за испитување на габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје.

Мострите може да се доставуваат од 08.30 часот до 13 часот.

Фитосанитарната лабораторија работи согласно акредитираните методи, односно протоколите на Европската медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз. Резултатите од лабораториските анализи ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...