Фити во „Само вистина“: МАНУ нема да се вика така ако се промени уставното име ВИДЕО

Апсурдни се барањата на Грција за едно име со географска одредница па споено во едно име на англиски, а читање како што пишува, тоа е небулоза,  смета првиот човек на МАНУ.

2986
Двете Влади треба да преговараат, за конечно да заврши овој тежок период за нас, но не смее да се преговара за идентитетските прашања, не треба да се прифати ерга омнес, ниту менување на Уставот, изјави во вечерашното вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Тој ги изнесе ставовите на Академијата за актуелните случувања поврзани со процесот за името, политичката криза, Законот за употреба на јазиците, економските политики на Владата и  перспективите на развој на највисоката научна установа во Република Македонија.

Фити додаде дека ако дојде до промена на уставното име и ако Грција настојува да се промени името на јазикот, националноста итн, тогаш МАНУ веќе нема да се вика како што се вика, ниту НБРМ или другите институции кои во своето име го содржат терминот македонски, македонска, Македонија.

 Апсурдни се барањата на Грција за едно име со географска одредница па споено во едно име на англиски, а читање како што пишува, тоа е небулоза – смета првиот човек на МАНУ.

Околу политичката криза Фити смета дека таа е зад нас, но вели дека најголеми виновници за неа се политичките партии, посебно двете најголеми партии и нивните лидерства, изминативе 27 години независност.

Фити го задржа ставот постигнат на претседателството на МАНУ на 20-ти март, дека секоја заедница има право да бара унапредување на јазичните права, но дека единствен интегрирачки фактор и натаму е македонскиот јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...