Фирмите или работодавачите ќе го платат отсуството на родителот од работа

Мерките за отсуство од работа на родители чии деца се на возраст до 10 години нема да важат за медицинските работници, полицијата и за Армијата.

2136

Отсуството од работа на родителите кои ќе останат дома со децата до 10 години поради затворните градинки и училишта заради спречување на ширењето на коронавирусот, ќе ги плаќаат фирмите или работодавачоите. Родителите ќе може наизменично по една недела да осуствуваатод работа. Ова беше кажано на попладневниот брифинг со новинарите во владата.

Мерките за отсуство од работа на родители чии деца се на возраст до 10 години нема да важат за медицинските работници, полицијата и за Армијата.

Од владата највија дека утре ќе излезат со детали за плаќањето на отсуствата на родителите.

Се очекува вечерва Комисијата за заразни болести да каже кои лица со хронични заболувања и бремени жени да не одат на работа. Од владата нагласија дека лицата кои нема да се придржуваат кон мерките против ширењето на корона вирусот ќе се казнуваат согласно Кривичниот законик, парично или со казна затвор до 3 години.

Родители на деца со посебни потреби кои се постари од 10 години ќе може да отсуствуваат од работа.  Влдата ја повтори препорака децата додека отсуствуваат од градинките и училиштата да не посетуваат игротеки.

Како ќе се надомести изгубената настава во училиштата деновиве со став ќе треба да излезе Министерството за образование. Од владата брифираат дека е можно да се скратат наставните програми, да има промена на календарот за образование на сите основни и средни училишта, како и да се продолжи наставата и по 10 јуни.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...