Фирма во Делчево ги труела водите на Брегалница

181

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице со подружница во Делчево и  Т.Н.(37) од Скопје, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на добиточна храна или вода“.

На 25.07.2018  година во Делчево, од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...