Фиорентина со доживотен договор за Астори, парите ќе одат кај неговото семејство

431

Поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина на 4 март 2018 година, ќе добие доживотен договор со клубот.

Според медиумите во Италија, раководството на „виолетовите“ ќе направи гест и симболично ќе го обнови договорот, а парите ќе одат за неговото семејство.

Централниот дефанзивец го напушти овој свет на 31-годишна возраст, а причината за неговата смрт беше срцев удар.

Постхумно Астори беше примен во Куќата на славните на Фиорентина и продолжува да му се оддава чест од неговиот последен клуб и голем број други тимови низ цела Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...