Финска: Видеото со чудовиштето не поттикнува насилство

88

Претседателот на Партијата на Финците Јуси Хала-ахо изјави дека видеото прикажано во кампања во кое се прикажува чудовиште што се заканува на политичар, не претставува поттик за насилство.

Партијата на Финците го емитуваше видеото само четири дена пред обидот за напад врз министерот за надворешни работи на Финска Тим Соини.

Нападот се случи во неделата, на собир во близина на Хелсинки, од човек кој носеше лого на една десничарска антиимигрантска организација.

На видеото е прикажано чудовиште кое наратор го опишува како олицетворение на народниот гнев, кое киднапира неименуван корумпиран лидер и го тера да се покае за неговите дела.

На самиот крај на снимката, Јуси Хала-ахо, кој е застапник на антимигрантска политика, директно им се обраќа на граѓаните: „Ако сакате да промените, гласајте за промени, користете ја вашата моќ“.

На изборите во 2015 година Партијата на Финците освои 17,7 отсто од гласовите и за првпат стана дел од владејачката коалиција. Политички мотивираното насилство е ретко во Финска, каде политичарите, вклучувајќи ги и министрите, често се движат без обезбедување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...