Управата за финансиска полиција ја демантира изјавата на Зоран Азманов, претседател на Надзорниот одбор на „Настел“, дека вработени во Управата им доставиле одредена службена документација на претставници на одредени медиуми.
– Финансиските полицајци при извршување на своите надлежности и активности постапуваат согласно Законот за кривичната постапка и Законот за финансиската полиција и со обезбедените предмети и документација постапуваат со висок степен на доверливост почитувајќи ги законските правила и прописи. Со оглед на горенаведеното, демантираме било каква вмешаност на вработени од Управата за финансиска полиција и доставувaње службена документација на лица надвор од Управата, се наведува во соопштението.