Финалето на МЛС со повеќе гледачи од „Супер боул“

141
ФОТО: МИА

Американските статистичари синоќа наидоа на изненадувачки факт. Финалето на сезоната во НФЛ лигата, „Супер Боул“, кое се одигра вчеравечер, собра помалку гледачи на стадионот „Мерцедес-бенз“ во Атланта од завршната средба на МЛС лигата.

Американскиот фудбал се смета за најпопуларен спорт во САД. Од сите професионални лиги во колективните спортови, европскиот фудбал (во САД го нарекуваат „сокер“) е со најнизок интерес од страна на гледачите во земјата.

Големото шоу меѓу Њу Ингланд Петриотс и Лос Анџелес Рамс (13:3) ноќеска собра на трибините 70.081 гледачи. Само пред два месеци (9.декември 2018 година) истиот стадион беше домаќин на финалната средба на МЛС во која Атланта Јунајтед го победи Портланд Тимберс со 2:0 пред 73.019 гледачи.

Сепак се проценува дека генерално, НФЛ финалето е попопуларен настан, откако преносот бил следен од околу 100 милиони гледачи од САД и низ целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...