Финалето во ЛЕ 2022 во Унгарија, Суперкупот во Русија и во Финска

65

Финалето во Лига Европа во 2022 година ќе се игра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта додека Суперкупот истата година ќе биде на Олимпискиот стадион во Хелсинки, а во 2023 година на „Казањ арена“ во Русија.

Ова се одлуки од денешниот Самит на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). „Пушкаш арена“ е отворена во ноември лани, има капацитет од 67.215 гледачи и во неа игра само репрезентацијата на Унгарија.

Олимпискиот стадион во Хелсинки, пак, прима 42.000 гледачи и изграден е во далечната 1938 година. Од тогаш е реновиран 10 пати и беше надвор од употреба од 2016 година до 2019 година. Дом е на фудбалската селекција на Финска.

„Казањ арена“ е изградена во 2013 година. Нејзиниот капацитет е 45.000 гледачи и беше направена за потребите на Светското првенство во 2018 година. Своите мечеви како домаќин во неа го игра рускиот премиерлигаш Рубин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...