Филип Петровски спречен да се качи на бината

3595

На Филип Петровски не му беше дозволено да се качи на бината поставена пред Собранието, каде движењето „Бојкотирам уставни измени“ одржa протест против промена на Уставот како дел од договорот за името со Грција.

Како што јавува Телма, Петровски се обидел да се качи на бината додека од таму зборувала Солза Грчева, но бил спречен од редарите и обезбедувањето, по што Петровски се повлече.

Движење „Бојкотирам“ организиран превоз од повеќе градови од државата за протестот но се појавија информации дека дел од нив биле попречувани да стигнат до Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...