Министерот за здравство, Венко Филипче, ќе предложи вонредните мерки против аерозагадувањето во иднина порано да се активираат.
– Ќе иницирам да не се чека три дена по ред да ПМ 10 честичките бидат над 200 микрограми на метар кубен, туку вонредните мерки против аерозагадувањето да се активираат порано во Владата – изјави денеска министерот Филипче, по промоцијата на новата опрема на Клиниката за очни болести.