Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави фотографија покажувајќи како ја вакцинираат неговата внука, која сѐ уште е бебе.
„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче.
Фотографијата министерот ја објавува во екот на епидемијата со мали сипаници и пропустот со погрешните декларации на дел од вакцините.