На градскиот плоштад и низ улиците на Охрид втора година по ред се одржа најголемата и најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ“.
Министерот за здравство Венко Филипче кој беше во тимот на „Охрид трчаТ за ретки болетси“, лесно ја истрча стазата од 5 километри, со што на симболичен начин со неговото трчање јавно ги поддржа лицата со ретки болести, пишува Охрид скај.
Херојот на денот на „Охрид Трчат“ е 15-годишниот Христијан Брнајачевски, кој боледува од многу ретката болест – Алпортов синдром, но и покрај тежината на ретката болест, на денешниот маратон истрча 5 километри, а на целта беше пречекан од организаторите, неговите родители и министерот Филипче со солзи во очи.