Министерот за здравство Венко Филипе денеска ги посети Инфективното одделение и Биохемиската лабораторија во Клиничката болница во Тетово, кои се реновирани.
– Во Инфективното одделение има комплетно нова инфраструктура, кревети и се што потребно за пациентите и персоналот. Во лабораторијата има исто така подобрени услови за работа и прием на пациенти, при што се бележи 20 проценти повеќе услуги од лани, и за болнички пациенти и за пациенти од кои имаат потреба од амбулантски прегеди на крвта – рече министерот Филипче.
Тој посочи дека болницата и кадровски е силно екипирана.
– Зајакнат е капацитетот во двете изминатите години. Има над 150 луѓе нов персонал, севкупно како и дополнителни 40 лица со договори на дело кои треба да добијат договор на неопределено. Огромен број на субспецијалистисти се вратени и со тоа има нови дејности во болницата, што значи се достапни за сите пациенти во овој регион, а навистина е голем регион со многу жители. Тоа се субспецијалисти од гастроентеропатологија, еднокринологија и нефрологија. Тоа отвора можност за повеќе термини и подобра услуга за сите жители – истакна Филипче.
Филипче информираше дека од лани болницата соработува со Трауматологија од Скопје од каде специјалисти изведуваат ортопедски интервенции посебно во спинална хирургија, услуга за која се патувало и чекало во главниот град.
– Тетовската болница беше дел од Перимак проект со опрема и кадар од гинекологија и неонатално лекување во специјално обучување со кое се подигна за еден степен нивото на родилиште, при што значајно е намалена неонаталната смртност во нашата земја, речиси преполовена во однос на последните осум до девет години – рече Филипче.
Тој посети дека Тетовската болница може да вработува нови доктори од Медицинскиот факултет со мерките за стимулација на вработувањата, и изрази надеж дека медицинскиот персонал нема да заминува од државава со најновите зголемувања на платите од 10 до 25 отсто.