Можам одговорно да кажам дека сите лекови коишто се на позитивната листа се на располагање за сите пациенти кои се лекуваат од најтешките малигни заболувања. При крај е набавката и во наредниот период ќе бидат и лековите што не се на позитивната листа, кои ги обезбедуваме со дополнителни т.н. „условни буџети“ од Фондот за здравствено осигурување, а станува збор за нови над 40 молекули кои прв пат ќе им бидат на располагање на нашите пациенти и на тој начин ќе имаат пристап до современа терапија.
Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање воврска со реагирањата на дел од пациенти на Клиниката за онкологија дека ги немаат потребните лекови.
Во однос на тоа зошто не се реагирало на барањето на Светската здравствена организација за казни кај матичните лекари, Филипче рече дека фокусот во изминативе две години не бил на казнувањето, туку на унапредувањето на работата на матичните лекари и зголемување на капитацијата на матичните лекари, која треба да се случи на крајот на 2019 година.