Филипче: Сите коли на брза помош од Здравствен Дом, Неуромедика и Систина се упатени кај несреќата кај Карпалак

1557

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва, по тешката сообраќајката кај Карпалак, на својот фејсбук профил соопшти дека веднаш се упатил на местото на несреќата.

– По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина. Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција, напиша Филипче.

Како што соопшти неговиот Кабинет, во 19.30 часот министерот ќе даде и изјава за медиумите пред ГОБ „8-ми сетпември“.

Околу 17 часот попладнево се преврте автобус на патот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци во близина на Карпалак. Во него се наоѓале вработени во адмнинистрација и други институции низ Скопје, а си оделе кон дома, кон Гостивар. Засега не се знае точниот број на повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...